Резултати од работењето и грижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните се евидентни.
ВМРО-ДПМНЕ вчера потпиша договор за нов модерен Клинички центар кој чини 72 милиони евра, со површина од 46.987 метри квадратни, составен од подземно ниво, девет ката и хелиодром.
Во текот на утрешниот ден свечено ќе се отвори Македонската Филхармонија која се простира на 12.400 метри, голема и мала сала со 1310 места и најсовремена технологија и опрема.
Деновиве отпочна и исплатата на земјоделските субвенции. Во период од 10 години земјоделците во ВМРО-ДПМНЕ препознаа најверен партнер, помагајќи им со субвенции во вредност од над 1 милијарда евра. Да потсетиме дека земјоделието изминативе 10 години стана една од најважните стопански гранки.
Во тек е изградбата на историски најобемните инфраструктурни зафати, автопатот Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, реконструкцијата на патот Велес – Штип, како и автопатот Скопје – Куманово, но и многу други проекти во вредност исто така од над 1 милијарда евра.
Додека ВМРО-ДПМНЕ и покрај кризата креирана и наметната од СДС напорно работеше на подобрување на животот на граѓаните, Зоран Заев со своето анти-државно и деструктивно однесување ги загрозуваше највисоките државни и национални интереси, понижувајќи го сопствениот македонски народ неколку пати по ред.
Граѓаните ги препознаваат разликите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ваквото деструктивно однесување, насочено против граѓаните и државата, нема да трае. Ова однесување на Зоран Заев нема иднина.