Фенербахче убедливо со 80:64 (26:18, 13:16, 21:14 и 20:16) ја победи екипата на Олимпијакос во финалето на Евролигата и го освои шампионскиот трофеј, а со тоа Перо Антиќ стана првиот Македонец кој три пати ја освоил европската шампионска титула.

Кошаркарите на Фенербахче за прв пат го освоија трофејот во елитното натпреварување, а за нивниот тренер Жељко Обрадовиќ ова е деветта титула во Евролигата.

Најкорисен играч во фајнал фор турнирот во Истанбул беше Екпе Јудо со десет поени, девет скока, четири асистенции и пет блокади. Перо Антиќ за осум одиграни минути во финалниот натпревар постигна четири поени и имаше еден скок и една асистенција. Најефикасни играчи во победничката екипа беа Бојан Богдановиќ и Никола Калиниќ, додека кај Олимпијакос најкорисен беше Кем Бирк со 14 постигнати поени.

Кошаркарите на ЦСКА пред финалето го победија Реал Мадрид во натпреварот за третото место. ЦСКА ја доби првата четвртина со 23:10, на полувреме водеше со 45:32, а на крајот убедливо триумфираше со 94:70.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2017 12:12