Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред средбата со лидерот на ДР – ДПА, Зијадин Села во Тетово, изјави дека е задоволен како течат преговорите за состав на новата влада и дека уште утре ќе почнат подетално да разговараат за поделба на ресорите, пренесува Нова ТВ.
Зијадин Села пак, денес за прв пат се појави во јавност по инцидентите во Собранието на 27 април, одржувајќи прес - конференција на која истакна дека е направен обид за политички атентат врз него поради политичките барања на Албанците и дека не потпишал никакви изјави во однос на унитарноста на Македонија.