“One Love Tour“ е најжешката летна турнеја до сега креирана помеѓу две соседни држави Македонија и Бугарија, креатори и продуценти на проектот се Македонската Иноватива Груп и Бугарската Междина Станциа.

Во вторникот на 16-ти мај на прес-конференција во Софија која се одржа во хотел Маринела, продукциите ја официјализираа турнејата и објаснија нешто повеќе за истата: “One Love“ е турнеја која обедини 6 балкански ѕвезди, најеминентните и влијателни артисти на една сцена, собрани со една иста идеја, надминување на сите политички и социјални спреги преку јазикот на нивната музика. Учеството го потврдија од Македонската страна; Слаткаристика, Тони Зен, Дј Гоце Саф, и Бугарската страна; Криско, Гери-Никол и добро познатиот Бугарски состав Апсурд.

Турнејата започнува со Банско на 22 Јули со потполно безплатен концерт, продолжува: 26-ти Јули – Охрид, 27 Јули – Струмица, турнејата продолжува на 17-ти Август во Сончев Брег соседна Бугарија, 18-ти Август во Варна, 6-ти Септември во Пловдив, концертната турнеја завршува со концертите на 30-ти септември во Скопје и 7-ми Октомври во Софија.

Широката јавност сите новитети и информации поврзани со “One Love Tour“ ќе може да ги следи/најде преку официјалниот web портал http://onelovetour.net/mk/, или пак за Македонскиот дел од турнејата на https://www.facebook.com/One-Love-Tour-MK-451973838488849/ .

Влезните билети за Македонскиот дел од турнејата ќе бидат пуштени на 22-ти мај, понеделник од 20:00 часот преку продажната мрежа на MK Tickets.

За повеќе информации: contact@inovativa.mk



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2017 17:48