На сите припадници на влашката етничка заедницa, во името на ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, Ви го честитам 23-ти мај - Националниот ден на Власите и ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства.
Влашката заедница претставува дел од историјата и културата на Република Македонија. Овој празник ја одбележува влашката култура и традиција, а секако и слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија. Власите во Македонија секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина и со тоа позитивно ја афирмирале влашката етничка заедница, влашката култура и посебност, со што директно се продолжува позитивниот континуитет на претходните генерации и успешно се трасира патот за нашите идни генерации. Со празнувањето на овој празник се одбележува посебноста на влашката заедница и се негува културата и традицијата.
Сакам да изразам надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации.
Нека Ви е честит и за многу години 23-ти мај - Националниот ден на Власите!