Медиуми: Ќе продолжат ли и денес разговорите помеѓу партии околу состав на новата Влада и дали ќе се разговара за министерските места?
Шилегов: Разговорите за состав на Владата знаете дека перманентно траат, во моментот кога ќе имаме информација за споделба, таа ќе биде соодветно споделена.
Медиуми: Денес ќе има работни групи или мандатарот ќе има средби?
Шилегов: Преговорите траат на сите нивоа, тоа можете да го видите и во текот на вчерашниот ден, како и во текот на денешниот ден, сите активнотсти што ќе се одвиваат, ќе ги обелодениме.
Медиуми: Ќе има ли приближување на ставовите, вчера и БЕСА беа тука повторно?
Шилегов: Мислам дека делот којшто се однесува на заокружување на принципите и начинот на функционирање на новата Влада, полека, полека, се затвора. Така што ќе влеземе во ефектуирање на разговорите, околу составот на Владата.
Медиуми: Дали е воопшто доведено во прашање поддршката на БЕСА за влез во Владата?
Шилегов: Повторно велам, штом ќе биде било која информација зрела за споделување со јавноста ќе ја споделиме. Вие сте сведоци на изјавите и на претседателот и мандатар Зоран Заев, меѓутоа и на претседателите на политичките партии којшто го поддржаа мнозинството за состав на Владата.
Медиуми: Дали Заев ќе оди утре во Брисел?
Шилегов: Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мандатар за состав на новата Влада доби лична порака од Еврокомесарот Могерини за присуство на утрешната средба којашто најпрво ќе опфаќа билатерална срдба, помеѓу претседателот Заев и Еврокомесарот Могерини и потоа заедничката вечера со Премиери од регинот.