Актуелниот НБА шампион Кливленд го дели само една победа од пласманот во големото финале. „Кавалирс“ ноќеска во натпреварот број 3 од финалната серија во Источната конференција го победија Бостон со 112:99 и поведоа со 3-1.
Бостон добро го отвори натпреварот и по почетните минути го презема водството кое на моменти беше и двоцифрено и го чуваше се до почетокот на второто полувреме. Тогаш домаќините фатија резултатски приклучок и третиот период го завршија со плус 7, доволно за рутинирана последна четвртина и сигурен триумф.
Кајри Ирвинг со 42 и Леброн Џејмс со 34 поени беа најефикасни во победничкиот тим каде се истакна и Кевин Лав со дабл-дабл ефект 17 поени и 17 скока.
Кај Бостон најефикасен беше Ејвори Бредли со 19 поени.
Финалната серија се сели во Бостон со петтиот дуел закажан за ноќта меѓу четврток и петок.
Од Западната конференција место во финалето веќе обезбеди Голден Стејт.