Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по вчерашната вечера во Брисел со Федерика Могерини и со премиерите од земјите од Западен Балкан задутре на конгресот на партијата го очекува реизбор за претседател на СДСМ. Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата што ќе се избира на задутрешниот, 22 - тиот редовен конгрес, кој ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“, известија од СДСМ за „Мета“.

Со оглед на тоа дека конгресот треба да се одржи еден ден откако Заев најверојатно ќе го достави предлогот за новата влада во Собрание, очекувано е за предлогот да се изјасни Централниот одбор на партијата пред тој да биде доставен во Собрание на разгледување. Според изворот од СДСМ можно е седница на Централниот одбор да се одржи и деновиве пред конграсот.

На конгресот ќе се избира и нов состав на ЦО на партијата, оти мандатот на сегашниот истекува во јуни.

Конкурсите за нов претседател и за членови на Централниот одбор беше распишан на почетокот на месецов и во нив се бараше тоа да се направи по принципот на „самокандидирање“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2017 13:18