За неколку дена ќе се формира новата реформска Влада на Р.Мaкедонија и со брзо темпо ќе отпочне спроведувањето на вистинските реформи за подигнување на економијата коишто ќе значат квалитетен живот на граѓаните.
Денеска, дури и гувернерот на НБРМ, Димитар Богов кој во досегашниот мандат молчеливо се однесуваше кон политките на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, со ревидирањето на стапката на економски раст на 2.5% ги потврди катастрофалните економски пoтези на досегашната власт коишто ја уништуваат економијата.
Новите економски политики на реформската Влада ќе започнат да се спроведуваат набргу и преку низа мерки, меѓу кои и зголемувањето на минималната плата како и поддршка на стопанството ќе започне заздравувањето на уништената економија.
Политичката криза во Македонија завршува, граѓаните набргу ќе добијат нова и одговорна Влада којашто ќе спроведува одговорни економски политики кои ќе придонесат кон економски раст од кој бенефит ќе почуствуваат сите и граѓаните и стопанството.