Хосе Анхел Зиганда, тренерот на резервниот тим на Атлетик Билбао, ќе ја преземе улогата прв тренер од Ернесто Валверде, денес извести шпанскиот прволигаш.

Валверде се наведува како можен наследник на Луис Енрике во Барселона. Тој вчера изјави дека неколку големи клубови се заинтересирани да го ангажираат, но дека со ниту еден од нив сè уште не дошло до договор.

Зиганда кариерата ја почна во Осасуна, но со статусот легенда на „Сан Мамеш“ се стекна во периодот од 1991 до 1998 година, кога ги бранеше боите на клубот од Баскија.

И тренерската кариера ја почна во Осасуна во 2005 година, додека подоцна го тренираше Херес и од 2011 година резервниот тим на Билбао.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2017 08:21