Тоти има 40 години, целата кариера ја помина во редовите на „волчицата“, а од неа ќе се збогува против Џенова.

„Невозможно е со зборови да се опише што значат овие бои за мене и што ќе значат секогаш. Љубовта која ја чувствувам кон клубот не поминала. Тоа е страст, моја страст. Толку е длабока што не можам да престанам да ја хранам. Никогаш. Во понеделник ќе бидам подготвен за нови предизвици“, изјави Тоти.

Легендата на Рома нема откриено дали напуштањето на клубот значи и крај на фудбалската кариера.

За првиот тим дебитираше во 1992 година, а во текот на изминатите 25 сезони одигра 785 натпревари и постигна 307 голови.

Серија А ја освои само еднаш, во 2001 година, а по два пати Купот и Суперкупот на Италија.

Натпреварот меѓу Рома и Џенова на програмата е во недела, од 18 часот на римскиот „Олимпико“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2017 08:35