Лидерот на шампионот Кливленд, Леброн Џејмс стана најдобриот поентер во плеј-офот во историјата на НБА лигата.

Леброн синоќешниот петти меч против Бостон го заврши со вкупно 35 постигнати поени, со кои стигна до бројката од вкупно 5.989 поени во разигрувањето, симнувајќи го првото место на листата на најдобри стрелци легендарниот Мајкл Џордан кој сега се наоѓа на второто место со 5.987. Трет на вечната листа е легендата на ЛА Лејкерс, Карим Абдул Џабар со 5.762.

Џејмс до овој скор поени стигна по 212 одиграни натпревари, дпдека Џордан тоа го стори на 179 одиграни меча.

Воедно, Џејмс е трет и по бројот на асистенции во пост-сезоната зад Меџик Џонсон и Џон Стоктон, а се наоѓа и на втората позиција по украдени топки зад Скоти Пипен.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2017 08:51