Финишираат преговорите помеѓу СДСМ и политичките партии од албанскиот блок за формирање на новата влада, неизвесно е дали на денешната средба со петорката од БЕСА, партијата на мандатарот Заев ќе им одговори на бараните принципи како услов за партиципирање во владиниот кабинет.
Нема јасна слика за новиот владин состав, освен според изјавата на лидерот на ДУИ Ахмети дека интегративците ќе раководат со досегашните ресори, совен здравство и образование кои ќе им припаднат на албанска партија. Од БЕСА не сакаат да зборуваат за нивни кадри во владата, се додека СДСМ не им одговори на т.н принципи кои ги бараат и на писмено им му ги доставиле на мандатарот. Во новата влада да нема осомничени лица од страна на СЈО и редефинирање на политичкиот систем и рокови за некои закони за кои не е потребно 2/3 мнозинство.