Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата на Барселона, а денес има шанса да го освои 30-иот трофеј со каталонскиот клуб.

Меси денес во Мадрид против Алавес ќе го одигра своето 25-то финале во дресот на Барселона, а во досегашните 24 славеше 19 пати.

Меси загуби само пет финалиња со Барселона – во Суперкупот на Европа 2006 од Севилја, два пати во финалето на Краслкиот куп од Реал Мадрид (2011 и 2014 година), потоа од истиот ривал во Суперкупот на Шпанија во 2012 и од Атлетик Билбао во истото натпреварување во 2016 година.

Сепак Меси славеше на 19 финалиња, што е 79%, а вкупно има 25 голови и девет асистенции.

Доколку денес го освои Кралскиот куп, за Меси тоа ќе биде јубилеен 30-ти трофеј со Барселона, исто колку што има капитенот Андрес Иниеста.

Тие двајца се најтрофејни фудбалери во историјата на каталонскиот клуб, а трет е Чави Ернандес со 25 титули.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2017 17:52