Претседателот на Демократсата унија за интеграција Али Ахмети денеска во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје имал средба со американскиот амбасадор Џес Бејли.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Бејли разговарале за формирањето на новата влада и за политичката ситуација во земјата и во регионот.

- Ахмети истакна дека ДУИ е посветена на реформите во земјата, почнувајќи силно од реформирањето на судството и владеењето на правото. Преку спроведување на реформите, Македонија ќе помогне во враќањето на меѓународниот фокус и што поскоро интегрирање на земјата во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија. информира ДУИ.

Други приоритети на новата Влада, наведува партијата на Ахмети, остануваат и добрите меѓуетнички односи и Охридскиот договор заедно со подобрувањето на животниот стандард, економскиот развој и отворање нови работни места.


Ахмети се сретна со Бејли во Амбасадата на САД

Ахмети изразил уверување дека нова влада Македонија ќе има идната недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2017 18:08