Знаеме дека еден период беа коалициони партнери на СДСМ, настапуваа заедно на митинзите, па потоа нивните стратези оценија дека е подобро на настапат одделно за да одземат дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање околу шпекулациите дека во новата влада на СДСМ ќе биде и Љубчо Георгиевски, заедно со Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов.

Тој кажа влез во владата на тие партии не би го изненадило, затоа што доста партии кои кажуваат дека се десно ориентирани имаат цел да му земат гласови на ВМРО-ДПМНЕ, а да му помогнат на СДСМ.

Mене тоа не би ме изненадило имајќи предвид дека тие долго време соработуваат заедно, односно партиите на Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов, на Јове Кекеновски, Павле Трајанов итн. се во служба на СДСМ. Играат различни улоги, во некој период улогата беше да им играат коалициони партнери, на последните избори пак улогата им беше да бидат посебни субјекти кои што ќе излезат на политичката изборна сцена. Нивната улога на последните избори беше колку може да се прикажат како независни, да се прикажат како десница, да се прикажат како партии кои што не се поврзани со СДСМ, за да земат што повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, односно да му помогнат на СДСМ да има повеќе пратеници, изјави Груевски.

Тој напомена дека нивната улога била да одат засебно, а не заедно со СДСМ, иако имаат одлична соработка со нив, за пред граѓаните да се покажат како независни.

Беше јасно дека тие нема да освојат ниту еден пратеник, но беше јасно исто така дека нивната улога е да одат засебно, а не во коалиција со СДСМ и покрај тоа што имаат одлична соработка со СДСМ. Беше да се прикаже пред граѓаните, дека тие се независни, не се заедно со СДСМ и слично и да убедат дел од десничарското гласачко тело да на некој начин им ги даде гласовите на нив, верувајќи дека тие се десна опција, не се поврзани со СДСМ, дека ќе делуваат самостојно, изјави Груевски.

Тој кажа дека станува збор за сателит партии, привезок на СДСм, кои за единствена цел им е да им одземат гласови на ВМРО-ДПМНЕ, но напомена и дека мисли дека граѓаните, десно ориентираните гласачи ќе го сфатат тоа.

Јас тоа го кажував и во кампањата и воопшто нема да бидам изненаден доколку сега станат дел од владеачката гарнитура, добијат некои места, не знам директорки или било какви, една нормална последица на целото нивно работење и соработка со СДСМ во изминатите може 4, 5, 6 години или повеќе, некои од нив и повеќе, зависи кој како. Знаеме дека еден период беа коалициони партнери на СДСМ, настапуваа заедно на митинзите, па потоа нивните стратези оценија дека е подобро на настапат одделно за да одземат дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ. Практично ова се сателит партии, кои што служат во избори, за одземање на гласови на ВМРО-ДПМНЕ, но мислам дека со тек на време, граѓаните и гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, да речеме условно речено десно ориентираното гласачко тело ќе го разбере тоа, дека овие партии на овие субјекти што ги кажав и овие личности, практично се привезок на СДСМ. Нема воопшто да бидам изненаден да добијат директорски места или други привилегии, можности, кои што ги нуди мнозинстовото во парламентот, изјави Груевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2017 19:04