Арсенал не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, но ја спаси сезоната со совојување на трофејот во ФА Купот на Англија. „Топчиите“ го совладаа првакот Челси на „Вембли“ со 2-1 и сепак освоија пехар оваа сезона.

Алексис Санчез уште во четвртата минута го доведе Арсенал во водство. Можеби и играше со рака во зачетокот на акцијата, но судијата дозволи играта да продолжи, тој излезе сам пред Тибо Куртоа и ја затресе мрежата.

Челси се обидуваше да израмни, а задачата за „сините“ стана уште посложена откако Мозес заработи втор жолт картон за симулирање и беше исклучен во 68.минута. Сепак, во 76.минута Диего Коста успеа да постигне погодок за израмнување.

Сепак само три минути подоцна, Арон Рамзи во 79.минута постигна втор гол за „топчиите“, кој на крајот и им го донесе трофејот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2017 19:18