Веќе половина месец градоначалниците се нефункционални, советите исто така, и очигледно е дека од страна на СДСМ се купува време. Очигледно е дека нивната деструкција продолжува, а од таа деструкција најмногу губат граѓаните, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
На почетокот Заев и СДСМ ја блефираа јавноста укажувајќи дека ќе чекаат прво да го добијат мандатот од претседателот, иако мандатот и гласањето во Парламентото немаат апсолутно никаква врска, но ете тие веруваа дека на тој начин ќе извршат некаков притисок врз претседателот, но го добија и од тогаш молчат и се кријат, истакна Груевски.
Го договорија и датумот за избори, додаде тој, договорија и дека треба да се продолжат мандатите, се потпиша законското решение, но до ден денеска не се закажува седница, ниту се говори за тоа.
Или СДСМ сака да купи време и да ги одложи изборите или сака со деструктивноста да направи дополнителна штета. СДСМ директно наштетуваат на граѓаните. Секое одовлекување понатаму значи дека продолжуваат со деструкција и се обидуваат да најдат начин да ги одложат локалните избори кои ги договоривме за 15 октомври.
Груевски ги повика СДСМ да не се занимаваат со деструктивни работи, да овозможат уште утре седница на Парламентот и да се изгласа законот за да се продолжи мандатот на градоначалниците, за да не трпат граѓаните.