Демократската унија за интеграција, вечерва на јавноста и ги презентираше нивните предлози за министри во новата влада. Интерно, партијата соопшти шест имиња, кој од наредната недела би седнале на Министерските столчиња на Илинденска.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред партиското седиште во Мала Речица ги предложи Хазби Лика за вицепремиер за спроведување на рамковен договор, портпаролот на партијата, Бујар Османи е предложен за вицепремиер за евроинтеграции, а пак, Крешник Бектеши е предлог за министер за економија.
Предложени се и Булент Салиу за министер за правда, Садула Дураку – министер за екологија и Рамиз Мерко како министер без ресор.