Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, вчера од мандатарот за составување на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, го добил предлогот за состав на владата и програмата за нејзиниот мандат.

Џафери веднаш двата документа ги доставил до пратениците, а седницата за избор на владата ја свикал за утре, во 11 часот, се вели во соопштението од неговиот кабинет.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2017 09:29