Во рамките на турнејата „57th & 9th“ по повод истоимениот албум, во октомври во Скопје ќе настапи светската ѕвезда Стинг.

Концертот е закажан за 15. октомври во арената „Борис Трајковски“. Повеќе информациите поврзани со концерот и продажбата на билетите за овој голем настан ќе бидат познати вечерва во 20 часот, за кога е закажана прес-конференцијата.

Стинг е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти. Дел од летото му е резервирано за Европа, а на почетокот на септември настапува во Јужна Америка, додека во Европа повторно се враќа со серија на концерти од средината на септември до крајот на октомври.

На оваа турнеја, Стинг свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група Полис: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2017 09:49