Претставници на политичките партии денеска оддржаа координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери , во пресрет на утрешната седница за избор на нов владин кабинет и програма за работа на Владата.

Предлог-програмата и предлог-составот на новата влада стигнаа во Собранието. Претседателот на Собранието Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за избор на новата влада, која ќе биде избрана најдоцна до среда на полноќ.

Неизвесно е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од сообраниската координација и дали воопшто ќе се појави на Собраниската седница за избор на нова Влада предводена од СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2017 10:41