Хуан Карлос Унзуе од следната сезона ќе биде тренер на Селта од Виго, полуфиналистот на Лигата на Европа.
Некогашниот голман потпиша двегодишен договор со управата на „небесно-сините“.
Тој ќе го наследи Едуардо Беризо на „Балаидос“. Селта следната сезона нема да игра во европските натпреварувања, па ќе се посвети само на Кралскиот куп и на Примера лигата.
Педесетгодишниот Унзуе прво работеше под Луис Енрике во Селта, а потоа заедно со него работеше како помошник во Барселона.