Марко Ројс доживеа нова повреда, повторно ќе отсуствува од теренот неколку месеци.

На почетокот на следната сезона Борусија од Дортмунд ќе мора да игра без Марко Ројс, еден од најдобрите фудбалери на Бундеслигата.

Се работи за лигаментите на коленото, па се поставува прашањето дали воопшто Марко Ројс ќе се врати на теренот до крајот на годината.

Она што е сигурно е тоа дека ќе закрепне за Светското првенство во Русија, бидејќи некои медиуми стравуваа дали ќе биде целосно подготвен за тоа натпреварување кое на програмата е за една година.

Она што треба да ги загрижува навивачите на Дортмунд е фактот дека Марко Ројс сè почесто се повредува и дека тоа би можело да остави големи последици врз неговата игра во продолжението на кариерата.

На интернет-страницата на Борусија нема објавено колку долго овој фудбалер ќе отсуствува од теренот, но објавија дека се надеваат дека тоа ќе се случи што е можно поскоро.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2017 08:16