„Три клучни темели ќе гради реформската Влада. Ќе биде посветена на економија, на силни институции и правда, на ЕУ и НАТО и перспективи за сите. За тоа се обврзувам овде, во законодавниот дом. Ова се луѓето кои пред мене се обврзаа, но и пред граѓаните. Ќе работиме чесно и посветено, исклучиво за потребите на граѓаните, истакна Зоран Заев во своето експозе на денешната седница за избор на Влада.
Партиите од новата владина коалиција СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници. Претходно со 66 гласа за пратениците го усвоија предлогот следна точка на дневниот ред да биде изборот на новата влада.