Ја повикуваме СДС да не бега и да не се плаши од распишување на локалните избори.
Граѓаните на Република Македонија не смее да ја плаќаат сметката за стравот на СДС да се соочи со одговорноста од нивната антидржавна и деструктивна политика.
На граѓаните треба да им се овозможи да имаат функционална самоуправа која ќе ги реализира проектите од нивен интерес.
Врхушката на СДС да не се обидува да го сокрие криминалот зад правни измислени аргументи.
На последните избори ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата доби најмногу гласови и е претставник на најголем број граѓани.
Уставно загарантирано право на граѓаните е да имаат функционална локална самоуправа и СДС не смее да го ускратува тоа право“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.