Икер Касилјас, некогашниот капитен и голман на Реал Мадрид, пред финалето на Лигата на шампионите изјави дека Џанлуиџи Буфон, чуварот на мрежата на Јувентус, го заслужил пехарот.
„Да не е противник во финалето Реал, од сè срце би посакал Буфон да ја освои Лигата на шампионите. Навивам за Реал, но кариерата на Џанлуиџи не би требало да заврши без титулата клупски шампион на Европа. Освои речиси сè, освен еден трофеј“, изјави Касилјас за „Газета дело спорт“.
Касилјас, кому му истече договорот со Порто на крајот на сезоната, изјави дека Буфон има шанси да ја добие Златната топка за најдобар играч на светот.
„Покажа дека може да се натпреварува на највисоко ниво иако има 39 години. Може да ја добие Златната топка, но тоа е комплицирано за голман. Може да го покаже тоа во финалето на Лигата на шампионите“, додаде Касилјас.
Буфон во сабота, против Реал Мадрид учествува во неговото трето финале на Лигата на шампионите, по поразот по изведувањето на пеналите од Милан (2003) и од Барселона со 3-1 (2015).