Милан го доби првото засилување во новата ера откако го презедоа Кинезите. Матео Мусакио, досегашниот дефанзивен играч на Вилјареал, конечно потпиша договор на четири години.

Аргентинскиот стопер ги помина лекарските прегледи и потпиша договор до 30-ти јуни 2021 година. За Вилјареал играше седум сезони, а професионалната кариера ја почна во Ривер плате.

Ова би требало да биде само почеток на вложувањата од страна на кинеските сопственици во правењето силен Милан, а веќе се чека потписот на Франк Кесе од Аталанта. Меѓу играчите кои се поврзуваа со Милан пред летниот преоден рок се и: Андреа Белоти од Торино, Сеск Фабрегас од Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд...



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2017 09:30