Заврши сагата во врска со статусот на Арсен Венгер во Арсенал, францускиот стручњак го продолжи договорот со „топчиите“ на уште две години.
Иднината на Венгер во Арсенал беше неизвесна пред финалето на ФА купот минатиот викенд, но „топчиите“ славеа против Челзи со 2-1. Французинот потоа во понеделникот се сретнал со Стен Кронке, сопственикот на Арсенал, а вчера управата на клубот била известена дека тој сака да остане. Венгер ќе потпише нов договор со Арсенал, но, според наводите на медиумите, платата ќе му остане иста. Арсенал сезоната во Премиер лигата ја заврши на петтото место, што значи за прв пат по 19 години не е меѓу четирите најдобри екипи.