Сакам да ја предупредам македонската јавност дека повторно очигледно влегуваме во едно сценарио за креирање провокации во ова Собрание и толку од коректноста која беше заговарана и на која што се повикувавме од страна на Зоран Заев и Талат Џафери, изјави Илија Димовски пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потенцираше дека мора да се отвори дискусија за тоа кој свесно го прекрши уставот најмалку во 3 члена, и кој свесно најмалку во 27 членови го прекрши деловникот за работа на Собранието, и кој вчера, завчера и денеска го прекршува членот 68 став 1 од деловникот за работа на Собранието.
-Нема да влеземе во сценарија за креирање на провокации кои што денеска повторно ги гледаме, нема да дозволиме да бидеме дел од такви сценарија, ниту да бидеме обвинувани за сетотоа. Добрата волја беше покажана од наша страна вчера ќе биде покажувана во иднина но само ако има коректен однос од сите. Ако тој коректен однос се сведува на вакви ниски провокации какви што ги прави господинот Талат Џафери мислам дека напразно сме се надевале дека некој ветувал нормализирање на ситуацијата, рече Димовски.