Утре започнува продажбата на влезници за натпреварите Македонија - Турција (5. јуни) и Македонија - Шпанија (11. јуни).
Доколку сакате во понеделник, 5. јуни да присуствувате на фудбалскиот натпревар Македонија - Турција и да ја бодрите репрезентацијата на Македонија тоа може да го направите со купен билет преку продажната мрежа на mktickets и на официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall.
Влезниците во продажба од утре, 1. јуни, по цена од 100, 200 и 400 денари.
Натпреварот Македонија - Турција започнува во 19:45 часот.
Фудбалскиот спектакл Македонија - Шпанија од квалификациите за СП 2018 во Русија е на 11. јуни во 20:45 часот. Пандев, Несторовски, Хасани и останатите од составот на селекторот Игор Ангеловски ги бодриме на нашата Национална арена.
Влезниците во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets и на официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall.
За сите информации за ВИП и коорпоративни билети обратете се на marketing@ffm.com.mk