Американската пејачка Аријана Гранде ги повикала своите пријатели за да и се придружат во нејзиниот хуманитарен концерт во чест на жртвите и нивните семејства од терористичкиот напад во Манчестер.

Нападот се случи по завршувањето на концертот на Гранде.

Си-Ен-Ен јавува дека концертот ќе се случи на 4 јуни, а гости ќе бидат Колдплеј, Кети Пери, Фарел и Мајли Сајрус.

Концертот ќе се одржи со цел да се соберат пари за сите оние кои на каков било начин биле повредени во терористичкиот напад. Засега не се знае точната локација каде што ќе се одржи концертот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2017 13:18