Иако претходните денови челниците на Атлетико Мадрид негираа дека ќе си замине Антоан Гриезман, шпанските медиуми тврдат дека тој побарал трансфер.
Гриезман беше најдобар стрелец на „јорганџиите“ оваа сезона со 26 постигнати погодоци и 12 асистенции, а најмногу го сака Манчестер јунајтед. „Гриезман им соопшти на челниците на клубот дека сака да си оди“, изјави Антонио Руис, новинарот на „Кадена Копе“. Тој има 26 години, а во Атлетико стигна од Атлетик Билбао во 2014 година за 30 милиони евра.
Гриезман на 160 натпревари за мадридскиот клуб постигна 83 гола, го освои Суперкупот и играше во Лигата на шампионите минатата година.