Иван Чупиќ во Скопје дојде како актуелен европски првак, и сега во Келн има шанса да ја одбрани, но како дел од екипата на Вардар. Десното крило како одминува времето игра сѐ подобро, и постигна вкупно 39 гола.
Играта на Вардар се потпира на добра одбрана, и брза трансформација. Така екипата има шанса да постигнува лесни голови. Но, на многу натпревари се покажува и спротивното, дури и на поставена игра на ривалот играме добро. На досегашните меѓусебни натпревари на Вардар и Барселона во лигата на шампионите само еднаш сме успеале да освоиме бод.
Настапот на Ф4 турнирот е нешто сосема поинакво, два натпревари за 24 часа на кои не секогаш победува фаворитот, и каде поважна е моментната инспирација, расположението на играчите и факторот среќа.
„ Сигурно ќе бидеме спремни, ќе видивме колку можеме да одговориме. Она што цела сезона функционираше добро, одбрана на голмани и брза транзиција и сега би требало да биде наша одлика. Со постигнување на лесни голови би ни било полесно. Но, Барселона е добра и знае што игра во секој момент. Ќе биде тешко, се мора да изгледа соврешено. Во главите сме спремни дека треба да ддадеме максимум без разлика колку ќе игра некој, и да се подредиме на екипата. Само така може да се победи Барселона и да влезе во финалето. Вервам дека коцките ќе ни се наместат, смета Иван Чупиќ.
Вардар имаше неколку средби од домашното првенство и купот кои треба да бидат контрола пред настапот во Келн. Чупиќ има искуство во играњето на Ф4 турнирите, и заедно со Арпад Штербик, како двајца што ја освојувале титулата сигурно ќе имаат што да им пренесат на клупските колеги.
„ Нашата подготовка и здравје ќе бидат најважни. Барселона е квалитетна и искусна, а ние две недели се подготвуваме за тој дуел. Како што игравме досега, тимски и одбрана и напад, треба да продолжиме. Како на и секој Ф4, и сега ќе решаваат детали, се надевам и малку среќата ќе не следи. Би сакал и голманите да бидат на ниво. Сетоа тоа ќе ни оди во прилог, вели Иван Чупиќ.
Натпреваро меѓу Вардар и Барселона во полуфиналето на Ф4 турнирот се игра во сабота во 18 часот.