Новиот суперхеројски филм Wonder Woman од утре (четврток) ќе се прикажува во скопските кина Cineplexx и „Милениум“. Главните улоги ги толкуваат Гал Гадот, Крис Пајн и Робин Рајт, а режијата е на Пети Џенкинс.

Пред да биде Wonder Woman, таа беше Дијана, принцезата на амазонките, обучена да биде непобедлив воин.Израсната на рајски остров, се запознава со американски пилот чиј што авион се урива во непосредна близина. Тој и кажува за големиот конфликт што владее во остатокот од светот, па Дијана го напушта својот дом убедена дека може да ја запре заканата. Борејќи се покрај мажите во битка која што треба да ги заврши сите војни во светот, Дијана ги открива своите моќи и нејзината вистинска судбина.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2017 14:38