ВМРО-ДПМНЕ беше на власт речиси 11 години. Направи многу реформи и крупен исчекор напред во секоја сфера. Се решија многу проблеми, се работеше многу и се добија и многу позитивни резултати, за многумина над очекувањата. Македонија немала власт со поголем учинок и напредок од оваа во овој период.

И покрај јасната победа, и покрај долгогодишниот воспоставен принцип на коалицирање на победник со победник, помеѓу партијата со најголем број освоени гласови во земјата, и партијата со најголем број гласови од албанската заедница во Македонија, со прекршување на овој принцип, кој беше јавно баран токму од оние кои го прекршија, како и со понатамошни чекори спротивни на деловникот, законот и уставот при изборот на претседател на Собранието, и особено спротивни на вољата на мнозинството народ во Македонија, со примена на аргументот на силата и моќта, се издејствува ново мнозинство, а наскоро и нова влада. Непринципиелно, на сила и недемократски. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија направија се што е во наша моќ до моментот до кој не беше јасно дека одејќи понатаму Македонија и граѓаните во неа ќе имаат многу поголема штета отколку корист. Личните и партиските интереси, повторно ги ставивме под државните интереси, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето пред изборот на Владата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2017 08:05