Во Собранието на Република Македонија свое обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Вчера и денес слушнав многу фалења и ветувања за тоа колку ќе и биде поубаво на Македонија со новата власт. Како ќе тргнела економијата, домашните фирми, вработувања, демократијата, судството, владеењето на правото, платите, итн. Од секогаш познат манир на СДСМ бил многу ветувања а мал учинок. И не само што себе се фалат до бескрај, туку и бесрамно го девалвираат целиот наш труд и резултати досега, заради кои во 10 изборни циклуси по ред народот даваше најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, и истовремено СДСМ трпеше 10 изборни порази по ред, вклучително и на последните избори. Во овој дводневен вознес и изблик на верување и во сопствените лаги, сакам да ги потсетам СДСМ, што тие ни оставија, а што ние ним им оставаме. Бидејќи времето ќе помине, па ќе се споредиме, а што е најважно, и народот ќе не спореди, истакна Груевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2017 08:13