Зоран Заев од полноќ е новиот премиер на Македонија, а откако ја превзема функцијата, веќе почнува со судството. Лидерот на СДСМ му порача на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, сам да си замине од позицијата.
- Една од работите заради кои не ни чини правосудството е државниот јавен обвинител. Се надевам, почетокот на реформите можеме да го почнеме и го повикувам да си поднесе оставка. Ја очекувам неговата оставка, како чин, кој што знае дека на предлог на Владата, парламентот го разрешува и на предлог на Владата, парламентот и го избира државниот јавен обвинител. Од тој поглед, го повикувам да ги забрза процесите и да си поднесе оставка господинот Марко Зврлевски - изјави синоќа Заев за телевизијата „24 Вести“.