Амбасадорот на САД во Репулбика Македонија, Џес Бејли преку социјалната мрежа Твитер вечерва упати честитка до новиот премиер за формирањето на новата влада.
– Му честитам на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство на формирањето на нова влада во Македонија. Како пријатели и партнери, ќе продолжиме да работиме со новата влада на реформите за членство во НАТО и ЕУ и на владеење на правото, напиша Бејли.