Винченцо Монтела, тренерот на Милан, го продолжи договорот со „росонерите“ до 30-ти јуни 2019 година.

Италијанските медиуми претходно шпекулираа дека новите, кинески сопственици на Милан сакаат нов тренер, но клубот го демантираше сето тоа пренесувајќи го потпишувањето на договорот во живо на „Фејсбук“.

„Многу сум возбуден поради овој проект. Имаме големи амбиции, сакаме да се обидеме што побрзо да се вратиме во Лигата на шампионите“, изјави Монтела за клупската телевизија.

Монтела оваа сезона го одведе Милан до шестото место на табелата на Серија А и до место во квалификациите за Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2017 09:47