Денеска при влезот во Министерството за здравство непознато лице со неколку истрели од огнено оружје се обидело да го убие досегашниот министер за здравство и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.
Од МВР го потврдија инцидентот а според неофицијални информации, напаѓачот испукал помеѓу два и пет куршуми но за среќа не успеал да ја погоди целта - Никола Тодоров, поранешниот Министер за здравство.
ТВ 21 објави снимка од инцидентот.