Судија му одреди 30 дневен притвор на Љупчо Стојановски, кој испука три куршуми кон екс министерот Никола Тодоров. Дедото на Тамара од Велес, во истражниот затвор во Шутка, ќе ја издржува мерката 30 дневен притвор.

Стојановски доби две кривични пријави, за убиство во обид и за недозволено поседување, тргување или изработка на оружје.

Стојановски се бранел со молчење.

Неговиот адвокат најавил дека ќе биде поднесена жалба против донесената одлука за притвор бидејќи не бил во стабилна здравствена состојба, а за време на распитот во Кривичниот суд 3 пати интервенирала Брзата Помош



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2017 13:14