Веќе две работи најавија, односно едната ја направија а едната ја најавија, тие направија укинување на екстерното и тоа искористија прилика затоа што ние излеговме заради пукањето кон Тодоров на едно прилично непочитувачки начин кон колега пратеник, кој до ден претходно Тодоров им беше колега пратеник, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вестите на телевизија Алфа.
Наместо да запре Собранието и да се види кој пукал врз министер и потпретседател на Влада до пред 10 часа, тие седнаа и го укинаа екстерното и тоа го нарекуваат реформа, значи укинувањето на наши реформи го нарекуваат реформа. Се што ние сме правеле вклучувајќи го и екстерното тестирање беше со добра намера, а тоа беше решавање на проблемите кои што ги имавме во средните и основните училишта, а проблемите беа следни: Од 26 ученика 24 со сите петки, тоа го нема никаде во светот, тоа не е реално и тоа се случи во приватизацијата, кога дојдоа новопечени богаташи кога наставниците не им обврнуваа внимание на нивните деца да им ги подарат сите петки. Птоа наставниците чувствуваа одговорност дека на едно дете кое не знае за двојка му ставаат петка, а на останатите им ставаат тројки или четворки а знаат повеќе од другите деца, потенцираше Груевски.
Тој истакна и дека екстерното за една мера го подобрило образованието.
Екстерното тестирање беше насочено кон подобрување на знаењето или да обезбеди реално знаење, ние сакавме да помогнеме преку таа мерка и на наставниците да им се изврши притисок, ние сакавме да им дадеме оружје на наставниците да ги одбијат родителите, но и да ги натераме децата со труд, со знаење и резултат да дојдат до високи оценки, рече Груевски.
Груевски додаде и дека оваа мерка е популистичка и дека е крајно негативна мерка иако многу родители го поддржуваат тоа.