Во изминатите 24 часа во полицијата се пријавени исчезнувања на две девојчиња на возраст од 11 и 15 години, и една 38-годишна жена.
Во полициската станица Гази Баба вчера во 13:00 часот Д.Џ.(44) од Скопје, пријавила дека на 1 јуни околу 14:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 11-годишна ќерка.
Синоќа во 22:40 часот во Полициската станица – Штип, С.С.(46) од с.Чардаклија-Штип, пријавил дека на 1 јуни од 20:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.С.(38).
Петнаесет минути по полноќ во СВР-Куманово, И.З.(37) од Куманово, пријавил дека на 1 јуни околу 15:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 15-годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.