Францускиот ракометен првак Пари Сен Жермен е првиот финалист на „фајнал фор“ турнирот во Келн, откако попладнево го совлада унгарски Веспрем со 27:26.
Парижаните ја имаа контролата на резултатот и беа во водство од најголемиот дел од мечот, најмногу со три голови разлика и на крајот во драматична завршница стигнаа до победата.
Веспрем пред крајот на првото полувреме успеа да изедначи и на пауза се отиде со 11:11, но тоа не му успеа во финишот кога не реализира напад за продолженија.
ПСЖ за свој противник ќе го очекува подобриот од второто полуфинале во кој силите ќе ги одмерат Вардар и Барселона.