Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до капитенот на екипата, Стојанче Стоилов за пласманот во финалето на лигата на шампионите во ракомет.
Во честитката се вели:
„Примете искрени честитки. Овој успех е уште повеќе значаен и драг за сите нас во Македонија, што доаѓа од Вардар, нашата национална гордост. Вечерва вие создадовте историја, ви посакувам утре целосно да ја освоите Европа. Браво момци, честитики до играчите, целиот стручен штаб и раководството за огромната победа и пласманот во финалето. Цела Македонија ве бодри и навива за вас. Напред Вардар"