Во текот на целиот натпревар нашиот шампиони покажа одлична и дисциплирана игра и на крајот во инфаркт завршницата заслужено стигна до Европската титула.
Во големото ракометно финале на најдобрите екипи во Европа нашиот клуб Вардар успеа да го совлада францускиот првак Парис Сен Жермен со резултат
Во текот на целиот натпревар Вардар играше одлична одбрана, перфектен напад и не дозволи противникот да доминира на теренот иако важеше за мал фаворит во финалето.
Во текот на првото полувреме имавме и највисока предност од три гола но сепак на полувремето отидовме со минус еден разлика. На стартот на второто полувреме, Арпад Штербик имаше две одлични интервенции во низа а по нив Вардарци стигнаа и до плус два за само 20-тина секунди.
Во текот на второто полувреме Вардар стигна и до три гола предност од како на два пати Абутовиќ и Шишкарев стрелаа прецизно кон празниот гол на Французите.
Во средината на второто полувреме, сепак ПСЖ успеа да се врати во игра од кога Вардар остана со четворица играчи во поле. Последните десет минути од големото финале беа инфарктни минути во кој ПСЖ стигна до израмнување а потоа две феноменални одбрани имаше голманот на французите со кој го крена расположението кај Парижаните.
Во 25-тата минута, одбраната направи блок на нападот на ПСЖ а веќе во наредната акција на Вардар, Борозан го донесе Вардар во предност од гола.
Последните три минути и веќе не се потребни за коментар бидејќи ВАРДАР Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН!!!