Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов беше пресреќен по освојувањето на трофејот европски шампион, прв за Македонија во машкиот ракомет.
– Горд сум што сум капитен на овој тим. Играчите покажаа карактер. Покажавме муда до колена. Не знам како да објаснам. Првпат имаме македонски европски шампион во машка конкуренција. Знаевме дека ќе биде тешко како во полуфиналето. ПСЖ е силен, исто како и Барселона. Се боревме цел натпревар. Одбраната, голманот беа одлични. Се надевам дека ја израдувавме цела Македонија, изјави Стоилов.
Вардар вечерва во финалето од ЛШ го победи ПСЖ со 24:23 и за првпат во историјата се искачи на европскиот ракометен трон.