„Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки до најтрофејниот македонски ракометен клуб кој успеа да ни го донесе најелитното европско ракометно злато! Големи и срдечни честитки за Вардарци кои испишуваат историја во македонскиот ракомет! Единствениот дебитант на теренот во Келн им одржа лекција за борбеност, истрајност, силен тимски дух и единство во составот, на веќе одомаќинетите екипи од спротивната страна на голот.

Чест и задоволство беше од трибините на “Ланксес арената” да се бодрат момците предводени од големиот Раул Гонзалес, кои го вложија секој атом од силите за да ни го овозможат овој историски успех и да ни го донесат најпосакуваниот ракометен трофеј на стариот континент.

Им благодариме! НАПРЕД ВАРДАР!“



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2017 02:20