Европската ракометна федерација по завршување на Ф4 турнирот во Келн го објави и иделниот тим во кој доминираат играчи од Вардар. Од седумте позиции, на четири се играчи од Вардар: Штербик, Чупиќ, Душебаев и Дибиров.
Голманот Арпад Штербик беше избран и за МВП на Ф4 турнирот.
Идеален тим на Ф4 на Лигата на шампионите:
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Арон Палмарсон (Веспрем)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)
Пивотмен: Андреас Нилсен (Веспрем)
Голман: Арпад Штербик (Вардар)